Елмас останува без тренер, прв кикс на Наполи и Анчелоти ќе лета од клупата? - Слободен печат

Елмас останува без тренер, прв кикс на Наполи и Анчелоти ќе лета од клупата?

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, наскоро ќе остане без тренер, јавуваат италијанските медиуми. По неделниот пораз од Болоња во Серија А, Карло Анчелоти ја однесе екипата во карантин и доколку не оствари триумф над Удинезе во идното коло и евентуално против Генк во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите, тогаш и дефинитивно ќе добие отказ.

Според медиумите од Неапол, Анчелоти ја загуби поддршката во соблекувалната, а бидејќи Наполи заостанува дури 17 бодови зад лидерот на табелата, Интер, претседателот на клубот сака што побрзо да го смени искусниот стратег.

Како идно решение за клупата на Наполи и нов тренер на Елмас, се споменува Џенаро Гатузо кој е добар пријател со претседателот Аурелио Де Лаурентис, и е тренерот кој со својот авторитет може да ги смири страстите во соблекувалната. Наполи има конкуренција во Фиорентина која исто така е заинтересирана за Гатузо. Второ фаворит е Де Бјаси но тој би привремено решение до крајот на сезоната.

Прочитај повеќе

Победничко деби на Кике Сетиен на клупата на Барса (ВИДЕО)

Слободен печат

Роналдо и донесе триумф на „старата дама“ над Парма (ВИДЕО)

Слободен печат

Животниот пат на Конор Мекгрегор: Од водоинсталатер до мултимионер и планетарна ѕвезда

Слободен печат

Федерер си игра криенка со својот тим во Мелбурн (ВИДЕО)

Слободен печат

Петти гол за Пандев сезонава, недоволен за триумф над Рома (ВИДЕО)

Слободен печат

Скандинавското дерби и припадна на Норвешка

Слободен печат

1 comment

m-r.Slobodan Dimitrovski 03/12/2019 - 12:44 at 12:44

Е арно де па не му е Анчелоти татко на Елмас?

Reply

Остави Коментар

1 × four =

Прочитај повеќе

Ливерпул маршира кон титулата, падна и Јунајтед

Слободен печат

Ова е фер плеј: Намерно промаши празен гол откако виде повреден противник (ВИДЕО)

Слободен печат

Шаповалов не сака да ризикува: Доколку има чад, нема да играм во Мелбурн

Слободен печат

Ѓоковиќ на еден ден пред стартот на Австралија Опен остана без важен член од тимот

Слободен печат

Кикс на Интер, Милан со пресврт до бодовите (ВИДЕО)

Слободен печат

Хабиб нема да се бори со Мекгрегор за помалку од 100 милиони долари

Слободен печат