Елитна американска дивизија на НАТО вежби во Романија

Американска војска / Фото: EPA/RAED QUTENA

Оклопни возила, тенкови, артилерија, системи за противоздушна, борбена авијација а од неодамна и авиони за извидување од типот АВАКС се дел од големата воена вежба која во моментов се одржува во Романија. Воената опрема заедно со повеќе од 5.000 војници меѓу кои најголем број од САД но и останатите земји членки на НАТО се дел военото увежбување и зајакнување на Источното крило на НАТО како резултат на последните случувањата во Украина, пишува реномираниот портал Балканска безбедносна мрежа.

Според медиумиот ова е една од најголемите воени вежби на сојузниците во Европа во последните неколку декади во која најбројни се Американците. Станува збор за 4.000 војници од елитната 101. воздухопловна дивизија и други единици за поддршка. Исто така во Романија има и борбена група на НАТО со околу 1.000 војници и 150 воздухопловци и техничари од Италија. Од средината на јануари, најсофитицираните авиони за извидување на НАТО од типот АВАКС исто така се приклучија на вежбите во источниот дел од земјата.

Американските власти во однос на ова големо воено собирање во Европа наведуваат дека покрај основната задача за поддршка на сојузниците на НАТО и одвраќање на Русија од агресивни дејствија, припадниците на војската можат да стекнат драгоцено искуство.

Како што пренесува порталот главните задачи на НАТО сојузниците во Романија ќе биде увежбување одбрана на брегот на Црното Море, што според американските проценки, исто така е важно во слични операции, но во Азија, на места кои според Вашингтон се потенцијални за конфликти меѓу Кина и Тајван.

Инаку контингентот на американската армија во Романија го сочинуваат припадници на 2-та бригада на 101-та воздушнодесантна дивизија, со оклопни возила ЈЛТВ и Хамви, влечени хаубици М-119 калибар 105 и М777А2 калибар155 мм, засилени со јуришни хеликоптери АХ-64 Апачи, ЦХ-47 Чинук и УХ-60 Блекхок.

Американската 101 дивизија на својот Твитер профил објави дека во Романија се изведува редовна вежба обука, односно воздушен курс за нови војници кои се приклучиле на единицата непосредно пред пристигнувањето на источните граници на НАТО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот