Експлозивни фотки на Софија Вергара: Гола во када!

Profimedia

Актерката на социјалните мрежи често објавува фотографии од стари фотосесии или снимања. Во својата младост таа била желба на многу мажи, а денес таа желба сеуште трае.

Атрактивната актерка Софија Вергара (48) со години блеска на сцената, а честопати се присетува и ги споделува со своите фанови бројните фотосесии кои ги направила пред неколку години. Најчесто нејзините фотографии кои ги објавува се од деведесеттите години, а нејзините обожаватели секогаш и велат дека воопшто не се променила и дека не им се верува дека се приближува кон педесетата година од нејзиниот живот.

 

Фото: Инстаграм

Сега таа повторно се сети на едно од снимањата кога позирала во када полна со меурчиња, целосно гола.

Каква луда фотографија. Вие сте толку убава“ – беа само дел од коментарите на нејзините обожаватели во коментари.

Нејзиното витко тело и егзотичниот латино изглед е она што ја прави привлечна и денес.

Покрај фотографијата на која позира гола, Вергара објави неколку и фотографии во костим за капење на Инстаграм. Слични фотографии често може да се видат на нејзините социјални мрежи.

Фото: Инстаграм

Но, Вергара не секогаш била толку сакана и омилена. На почетокот на нејзината кариера, таа морала многу да се докажува, особено дека е многу повеќе од „празноглава убавица“. Но, таа успеала во своите намери и денес е на врвот на листата на најплатени актерки.

Покрај тоа, оваа актерка беше обележана како дама која водела бурен љубовен живот. Но, таа имала доволно врски кои немале иднина и дефинитивно и е доста од тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот