Економија не кажува кој ќе вложи 100 милиони евра во Попова Шапка, инвестицијата била стратешка

Фото: МИА

Министерството за економија не откриваат кој е инвеститорот кој треба да вложи во скијачкиот центар Попова Шапка, иако според надлежните, процедурите за постигнување конечен правен договор за инвестиција во износ од 50 плус 50 милиони евра се во завршна фаза, пишува Порталб.

Министерството и Владата не соопштуваат детали за инвеститорот, бидејќи според нив, договорот за идна концесија стратешка инвестиција и тајноста е во интерес на постапката. Очекуваат со вакви инвестиции да се зголеми туристичката понуда во земјава и на тој начин на Попова Шапка да му се врати сјајот што го заслужува.

Засега единствено се знае дека Владата на Северна Македонија пред пет месеци кратко најави дека инвеститорот работи на подготовка на проектот, без да наведе кој е, ниту дали ја добил концесијата.

„Проектот е во согласност со Законот за јавно-приватно партнерство, за концесии или стратешки инвестиции, во зависност од последната фаза од договорот. Целта на договорот е да се додели 99-годишната концесија на еден од најголемите инвеститори во скијачките центри во Европа“, велат од Министерството за економија.

Оттаму додаваат дека откако ќе се донесе конечната одлука за инвеститорот, и ќе се завршат сите процедури, Владата ќе го открие идентитетот на инвеститорот и сите други детали.

„Како Министерство за економија очекуваме со овие инвестиции да се зголеми туристичката понуда во РСМ и со тоа да се врати сјајот што Попова Шапка го заслужува, како еден од најдобрите зимски скијачки центри во регионот“, додаваат од Министерството за економија.

Од иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“, Општина Тетово, Министерството за животна средина, Министерството за земјоделство и координаторот на оваа комисија од Министерството за економија за Порталб.мк потврдуваат дека нивните претставници досега учествувале само на една средба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот