ЕК: Повеќе од 300.000 граѓани на ЕУ чекаат можност да се вратат дома

ЕК/ Фото архива

Повеќе од 300.000 граѓани на ЕУ чекаат можност да се вратат дома од различни места низ светот, соопшти денеска Европската комисија.

Портпарол на Европската комисија изјави дека бројот расте, затоа што се повеќе луѓе пријавуваат тешкотии при обидите да се вратат дома.

Досега во рамките на механизмот за цивилна заштита во ЕУ биле вратени 2.124 Европејци.

Комисијата повика на максимална употреба на можностите за комерцијално патување. ЕК истакна дека задачата за враќање на европските граѓани е пред сé на земјите на Унијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот