ЕК ја потсетува Бугарија: Употребата на сила да биде пропорционална

Фото: EPA-EFE/PATRICK SEEGER

Европската Комисија не ги коментира протестите против Владата во Бугарија, но потсетува дека полицијата мора да го почитува принципот на пропорционална употреба на сила, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Го поддржуваме правото на мирен протест како темелно право. Иако прашањето на спроведување на законите е целосно национална компетенција, потсетуваме дека секоја употреба на сила мора да биде стриктно пропорционална, изјави Кристијан Виганд, портпаролот на Европската Комисија за правда.

Тој додаде дека Комисијата е во постојан контакт со бугарските власти и дека пораката им е пренесена.

Во Софија вчера вечер антивладините протести се претворија во судир со полициските сили, неколку лица се повредени, меѓу нив и припадници на полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот