ЕХФ одреди: Вардар директно во ЛШ, Е. Пелистер во трка за вајл-карта

фото: рк еурофарм работник

Сè уште актуелниот европски шампион Вардар ќе биде сигурен учесник во Лигата на шампионите во наредната сезона, потврди ЕХФ.

Европската куќа на ракометот исто така потврди дека Еурофарм Пелистер во машка и Куманово во женска конкуренција се пријавија за вајл-карта со надеж дека во наредната сезона ќе бидат дел од Лигата на шампионите.

Битолчани ќе имаат пеколна конкуренција за вајл-карта од ЕХФ бидејќи за неа се пријавија уште и ПИК Сегед, Висла Плоцк, Адемар Леон, ГОГ, Нант и Спортинг Лисабон како второпласирани во своите првенства, додека на повик од ЕХФ се надеваат и Бешикташ, Мотор Запорожје, Елверум, Целје, Динамо Букурешт, Кадетен Шафхаузен, Мешков Брест.

Покрај Вардар, директно учество во ЛШ за наредната сезона обезбедија уште и ППД Загреб, Барселона, Киелце, Кил, Веспрем, Порто, Алборг, Фленсбург и ПСЖ.

Конечната одлука за тоа кои шест екипи ќе бидат повикани да учествуваат во новиот формат на ЛШ, ЕХФ ќе ја донесе на 19 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот