ЕГИПЕТ: Кондуктер натерал патници кои немале карта да скокнат од воз во движење

Фото: EPA/KHALED ELFIQI

Во Египет е уапсен кондуктер кој приморал двајца сиромашни улични продавачи да скокнат од воз во движење бидејќи немале карти. Едниот човек кој морал да скокне не го преживеал падот од возот, додека другиот е сериозно повреден.

Инцидентот се случил во градот Танта на делтата на Нил и предизвика бес во јавноста, откако снимката на конфронтацијата меѓу кондуктерот и останатите патници која следела по настанот се прошири на социјалните мрежи.

На социјалните мрежни се истакнати и барања за оставка на египетскиот министер за транспорт, јавува „АП“. Официјалните лица на железницата соопштија дека кондуктерот барал од момчињата на платат карта, но тие одбиле, по што тој ја отворил врадата од вагонот за тие да скокнат.

Се до крајот на истрагата, кондуктерот ќе остане во притвор, пренесува „Танјуг“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот