Едно лице загина во несреќата кај Тополчани

Вчера напладне било пријавено дека на магистралниот пат Прилеп-Битола кај с.Тополчани се случила сообраќајна незгода.

Истата се случила помеѓу патничко моторно возило „Опел астра“ со беровски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.М.(60) од Берово, и патничко моторно возило „Цитроен берлинго“ со битолски регистарски ознаки, управувано од З.С.(46) од Битола.

Во незгодата на местото на настанот починал З.С. Со тешки телесни повреди се здобил сопатник-малолетник од возилото „Опел астра“, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште двајца сопатници од истото возило кои биле пренесени во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот