Една година од стапување на функцијата на Урсула фон дер Лајен: С. Македонија и Албанија се успешни приказни за ЕК

Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Една година по стапувањето на функција на новиот состав на Европската Комисија (ЕК) под палка на Урсула фон дер Лајен, институцијата ги набројува своите успеси, меѓу нив и дебокирањето на преговорите со Скопје и Тирана, јави дописничката на МИА од Брисел.

– На 67-от ден, Комисијата усвои нова методологија за пристапните преговори со ЕУ за да ги направи покредибилни, предвидливи и динамични со посилно политичко водство. Ова го отвори патот за Европскиот Совет да ги започне пристапните преговори со Албанија и со Северна Македонија, за кои нацрт преговарачките рамки му се поднесени на Советот од страна на Комисијата, стои во презентацијата на Комисијата за првата година од мандатот на претседателката фон дер Лајен.

Европската Комисија истакнува и дека била „целосно солидарна” со земјите од западниот Балкан за време на кризата со ковид-19.

– Обезбедивме веднаш долгорочна поддршка и ви вклучивме во многу иницијативи нормално резервирани само за земјите членки, потсетува Комисијата.

Како успех во однос на регионот се смета и предлогот за Економски и инвестициски план презентиран во октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот