Еден повреден во сообраќајка кај Гостивар

Фото: МИА

На регионалниот пат Гостивар – село Градец вчера се случила сообраќајна незгода помеѓу „опел зафира“, управувано од Х.И.(62) од селот Врбјани и „фолксваген голф“, управувано од Н.Б.(61) од село Добри Дол.

Во незгодата, Х.И. бил повреден и е пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки повреди. Увид на местото на несреќата извршила екипа од полициска станица Гостивар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот