Еден од најдобрите играчи на Лацио: Не сакам повеќе ни едно евро од клубот, си заминувам

Луис Алберто („Лацио“)/фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Убедливата победа на Лацио над Салернитана во петокот навечер остана во сенка на шокантната изјава на еден од најдобрите фудбалери на римските „небесно-сини“, Луис Алберто.

Од 2016 година ги брани боите на Лацио, воедно има важечки договор уште три сезони, но тој одлучи да го напушти клубот на крајот од оваа сезона.

– Не сакам повеќе ниту едно евро од клубот, си заминувам. Последните неколку недели беа многу тешки за мене. Не знам каков проект ќе биде тука, но можам да кажам дека сигурно нема да бидам дел од истиот следната сезона. Веќе побарав од клубот за раскин на договорот.

Тоа ќе биде вистинскиот потег, тоа што бев дел од овој клуб ми значеше многу. Дојде моментот да се повлечам и да го оставам своето место за другите – рече Алберто.

Шпанецот во Лацио пристигна од Ливерпул и за сето ова време во нешто повеќе од 300 одиграни натпревари постигна 51 гол и забележа 76 асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот