Еден мртов откако кран паднал од зграда на Флорида

Паднат кран на Флорида / Фото: Carline Jean / Zuma Press / Profimedia

Едно лице загина, а три други се повредени откако дел од кран паднал од зграда во американскиот град Форт Лодердејл, Флорида. Сликите од местото на настанот покажуваат дека огромната метална конструкција паднала врз автомобил кој се движел преку мост, притоа згмечувајќи го предниот дел од него.

Градежен работник загинал откако паднал со дел на кранот. Двајца од повредените се пренесени во болница, додека на трето лице му била укажана помош на местото на настанот.

На прес-конференцијата, тие рекоа дека градежната екипа која работи на висококатница е во процес на „газење на кранот“ со додавање делови на него за да биде повисок кога платформата паднала од зградата, заедно со делови од кран.

Тие додадоа дека самиот кран останал прикачен на зградата.

Официјалните лица не ги наведоа имињата на жртвите, вклучувајќи го и градежниот работник кој загина.

Еден возач за мрежата Ен-Би-Си изјавил дека неговиот автомобил бил оштетен од падот на кран, кој се одбил од неговиот автомобил и слетал на возилото до него.

„Возев и почувствував компресија, погледнав нагоре и ја видов сината структура како се спушта, и треснав на сопирачките“, изјави Марк Серези за NBC 6.

Друга жена која живее во близина изјави за мрежата дека врисоците што се слушнале од градежните работници во моментот на уривањето биле „вознемирувачки“.

Официјалните лица велат дека сè уште не знаат што го предизвикало падот на делот од кран и го затвориле мостот Југоисточна 3-та авенија на неодредено време додека истражуваат околу местото на инцидентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот