Еден Македонец во Бундеслигата – може ли некој да ја запре доминацијата на Баерн?

Баерн Минхен ја ја брани титулата во Бундеслигата/фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Најсилната германска лига започнува вечерва од 20 часот и 30 минути, а први на терен ќе излезат Ајнтрахт Франкфурт и Баерн Минхен.

Баварците во преодниот рок беа без Роберт Левандовски, по вистинска трансфер сага, одлучи Полјакот да се пресели во Барселона. Сега прва ѕвезда на актуелниот бундеслигашки шампион е Садио Мане, кој веќе во контролните натпревари летово покажа зошто припаѓа на врвната класа на играчи.

Последните 10 титули во Германија ги освои Баерн, па малкумина веруваат дека нешто ќе се промени во следната сезона.

Но, пред тимот од Минхен претстои многу воигрување, со оглед на тоа што во преодниот рок пристигнаа Матијас де Лихт, Рајан Гравенберх и Нусаир Мазрауи кои сè уште не ја доживеале Бундеслигата. Баерн за време на преодниот рок потроши 137.000.000 евра, што е вториот најсилен преоден рок во историјата на клубот.

Не треба да се заборави дека Баерн го освои Суперкупот на Германија со победата над Лајпциг од 5:3.

Главен конкурент на Баварците за титулата повторно ќе биде Борусија Дортмунд, која во првото коло ќе се сретне со Баер Леверкузен, уште еден претендент за „европските места“.

„Милионерите“ во преодниот рок останаа без Ерлинг Халанд (кој се пресели во Манчестер сити) за кого добија 60 милиони евра, а имаа и пех со Себастијан Але кој дојде како негова замена. Еден од најдобрите стрелци во Европа дозна дека има тумор на тестисите, мора да оди на операција, а ќе биде надвор од терените неколку месеци.

Место во нападот на Борусија е резервирано за Карим Адејеми, кој има само 20 години, а настапуваше за Ред Бул Салцбург и Лиферинг. Покрај него, погледите ќе бидат вперени и кон Марко Ројс, еден од најверните фудбалери на денешницата, како и Џуд Белингем, кој блесна минатата сезона.

Повторно имаме Македонец во Бундеслигата, Дарко Чурлинов ги брани боите на Штутгарт. А според најавите неизвесен е неговиот настап во првото коло в недела дома против Лајпциг поради проблеми со грбот.

Бундеслига 2022/2023

1. коло, двојки –

Петок:

Ајнтрахт Франкфурт – Баерн Минхен 20.30 часот

Сабота:

Аугсбург – Фрајбург 15.30 ч

Борусија Менхенгладбах – Хофенхајм 15.30 ч

Бохум – Мајнц 15.30 ч

Унион Берлин – Херта 15.30 ч

Волфсбург – Вердер Бремен 15.30 ч

Борусија Дортмунд – Баер Леверкузен 18.30 ч

Недела:

Штутгарт – Лајпциг 15.30 ч

Келн – Шалке 17.30 ч

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот