ЕЦБ: Лани биле најдени над 560 илјади фалц евро банкноти

Во Германија минатата година од оптек се повлечени поголем број лажни евро банкноти отколку во 2022 година, објави германската централна банка (Бундесбанк).

„Бројот на лажни банкноти повлечени од оптек во 2023 година се зголеми за 28,2 отсто во однос на 2022 година и изнесуваше 56.000“, се вели во соопштението на Германската централна банка, пренесува Хина. Вкупната штета предизвикана од употреба на лажни банкноти изнесува 5,1 милион евра. Истовремено, најголема штета е направена со банкнотите од 200 и 500 евра, преку трговијата со накит, златни шипки, часовници и автомобили. Банкнотата од 50 евра и натаму е најпопуларна меѓу фалсификаторите. Дури 38 отсто од сите запленети фалсификувани банкноти се банкноти од 50 евра. После тоа доаѓаат банкнотите од 20 евра.

Меѓу најчесто фалсификуваните монети се и монетите од две евра. И покрај зголемувањето на бројот на запленети банкноти, фалсификувањето се уште е на ниско ниво, објави Бундесбанката.

„Вкупниот износ на шверцувани пари сè уште е, генерално, на ниско ниво, што значи ниско ниво на опасност за граѓаните“, рече Буркхард Балц, комесар за фалсификувани пари на Централната банка.

Според податоците на Европската централна банка (ЕЦБ), минатата година биле откриени 467.000 фалсификувани банкноти на еврото, што е за 24 отсто повеќе отколку во 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот