Џереми Кларксон заврши на итна операција на срцето: „Денови ме делеа од најлошото…“
Британскиот водител Џереми Кларксон (64) имаше итна операција на срцето по ненадејното влошување на неговата здравствена состојба.
Препорачано
„Ух, беше блиску“, изјавил Џереми Кларксон по итната операција на срцето.
Кларксон во својата колумна за „Сандеј тајмс“ опиша како морал да се оперира по наглото влошување на неговото здравје, односно блокирана срцева артерија. Тој пишува дека само денови го делеле од најлошото.
Кларксон почнал да се чувствува лошо откако пливал во Индискиот Океан на чии брегови летувал, а подоцна му било тешко да се качува по скали. По враќањето во Велика Британија почнал да чувствува болка и печење во левата рака и стегање во градите. Веднаш отишол кај лекар, кој го испратил на итна операција.
„Се чини дека од артериите кои го хранат моето срце со хранлива крв, едната беше целосно блокирана, а другата од трите одеше во тој правец“, објаснил Кларксон, кој сега има стент.
Во колумната Клакрсон се осврна и на „заморните ефекти од стареењето“. Тој вели дека планира да се префрли на поздрава исхрана и „се прашува каков вкус има водата и дали е можно целерот да биде интересен“.


