Џејмс Харден до крајот на преодниот рок ќе се пресели во Филаделфија?!

Џејмс Харден/ фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

НБА тимот на Филаделфија севентисиксерс сака до крајот на преодниот рок кој трае до 10 февруари, да го донесе во своите редови, Џејмс Харден од Бруклин нетс.

Како што пишува „Атлетик“, генералниот менаџер на Филаделфија, Дерил Мори има план да направи тим за атак на титулата и за прво големо име кое сака да го ангажира го означи токму Харден.

Харден не е задоволен со својот статус во Бруклин и планира по завршување на сезоната да ја напушти екипата како слободен играч. Но, Мори сака да го донесе Харден во Филаделфија уште сега и подготвува размена во која ќе бидат вклучени неколку играчи.

Мори планира да на Бруклин да му ги понуди Сет Кари, Матис Тајбул, Тајрис Мекси и најверојатно Бен Симонс во замена за Џејмс Харден.

„Атлетик“ пишува дека преговорите меѓу двете екипи веќе се започнати и постојат големи шанси Харден до 10 февруари да стане нов кошаркар на Филаделфија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот