Џејми Оливер советува: Што да направите со вишокот чили пиперчиња

Џејми Оливер
Фото: Instagram

Џејми Оливер освен по своите вкусни и брзи рецепти познат е и по интересни идеи за разни ситуации во кујната. Така, на пример, ако сакате да ги сочувате чили пиперчињата кога не им е сезона, можете да ги следите неговите совети.

Замрзнете ги – Ова е наједноставен и очигледен начин за чувањето остатоци. Исчистете ги, ставете ги во најлонска ќеса и во потоа во замрзнувач. Можете да ги користите замрзнати и директно да ги изрендате во јадењето.

Закиселете ги – Според Џејми, останатата течност од киселите краставички не се фрла. Во неа можете да измешате неколку лажички морска сол и да додадете сечкано чили. Вака конзервираните чили можете да ги употребувате уште неколку месеци.

Посејте ги – Семките преку зима чувајте ги во хартиена кесичка, па во февруари или март посадете ги во затворен простор. Кога ќе никнат одгледувајте ги на топло и светло место, редовно полевајте ги и повремено поѓубрете ги.

Исушете ги – Ставете ги на топло сончево место да се исушат. Кога ќе се готови, складирајте ги на топло и суво место, а по потреба користете ги цели или изронете ги во јадење.

Направете масло – од сушените чили можете да подготвите одлично масло. Исушените пиперчиња иситнете ги и една минута загревајте ги во сув сад, па префрлете ги во тегла и полејте ги со маслиново масло. Пред употреба протресете го маслото да пушти од вкусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот