Џамијата во Арачиново доби комбе, а Бигорски манастир кандило, темјан, чајник – Небиу вели дека нема законски прекршок во донацијата

Фото: Дритон Небиу, Фејсбук

Директорот за управување со одземен имот, Дритон Небиу на неговиот Фејсбук профил пишува дека нема законски прекршок во донацијата на комбето за џамијата во Арачиново. Небиу појаснува дека Агенцијата за управување со одземен имот има закоснко право да отстапи конфискувани добра на државни институции. Тој најави дека и Манастирот Свети Јован Бигорски ќе добие донација, но се чека одлука од Владата. Од Агенцијата, според документот што го објави директорот, манастирот ќе добие кандило, темјан, теписи, лустери, чајник…

Ние како Агенција се залагеме да излеземе во пресрет на сите побарувања од страна на институциите кои доаѓаат до нас како институција. Агенцијата за управување со одземен имот има закоснко право да отстапи конфискувани добра на државни институции, и со таа цел агенцијата излегува во пресрет да помогне согласно законските регулативи на сите граѓани и државни институции на Република Северна Македонија, согласно побарувањето направано од страна на “Одниси со верски заедници” на Бигорски манастир Свети Јован Крстител, имаме одлука правосилна која веќе помина на управен одбор и се очекува одлука од страна на владата да и се доделат добра – пишува Небиу.

Претходно директорот на Агенцијата, Дритон Небиу на официјалнит Фејсбук-профил информираше дека Арачиново не е заборавена општина и заслужува грижа, особено од државните институции. Па, по тој повод, Агенцијата одлучила да и подари комбе од марката „Цитроен Џампер“.

Агенцијата за управување со одземен имот подари комбе на џамија во Арачиново

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот