Џафери: Рамазан Бајрам да донесе мир, хармонија и благосостојба за сите

Талат Џафери
Талат Џафери / Фото: МИА

Претседателот на Собранието Талат Џафери им го честита муслиманскиот празник Рамазан Бајрам на припадниците на исламската вероисповед.

Џафери во честитката порачува празникот да донесе мир, хармонија и благосостојба за сите.

-Дозволете ми, од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и од мое лично име, да го честитам првиот ден на големиот муслимански празник, Рамазан Бајрам, на сите припадници на исламската вероисповед во земјава и каде и да се наоѓаат надвор од неа, со надеж дека месецов што го оставаме зад нас, постењето, посветените молитви и добрите дела кон човечките суштества во потреба успеаја да ни ги исчистат душата, мислите и телото од негативните мисли, отровните влијанија и незавидните постапки, наведува Џафери.

Тој изразува надеж дека празникот ќе поттикне повисока совесност за, како што вели, меѓусебна почит, чувство на солидарност и хуманост.

-Се надевам дека сите посветени верници ќе го пречекаат Бајрам во една повисока димензија на облагородување и совесност на умот и телото и таа иста енергија ќе ја споделуваат со блиските, со пријателите и познаниците, со познатите и непознатите, за празничниот дух и мирис да ги исполни сите домови и да зрачи топлина и светлина која ќе ги грее срцата, ќе донесе мир и спокој во душите и ќе упатува кон градење на меѓусебна почит, чувство на солидарност и хуманост. Ова се тешки времиња на искушенија за човештвото, кризите се надоврзуваат една по друга. Нека празникот не сплоти сите во молитвите, нека донесе мир, хармонија и благосостојба за сите. Уште еднаш, честит Рамазан Бајрам и за многу години да го празнуваме, пишува во празничната честитка на Џафери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот