Две скопски улици ќе ги носат имињата на Блаже Конески и Славко Јаневски

Плоштад „Македонија“ во Скопје
Плоштад „Македонија“ во Скопје / Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Советот за македонски јазик (СМЈ) соопшти денеска дека на својата 42. седница одржана на 31 март 2021 година, едногласно ја поддржа и ја поздрави иницијативата на Советот на Градот Скопје да именува две улици според имињата на нашите истакнати културни и научни дејци од 20 век: акад. Блаже Конески и акад. Славко Јаневски.

– Блаже Конески и Славко Јаневски, се важен дел од македонската културна традиција. Не беше во ред дека досега тие немаа улици во градот Скопје на свое име. Покрај познатите факти за Блаже Конески, еден од првите кодификатори на современиот македонски јазик, историчар на македонскиот јазик, поет, писател, преведувач, како и за Славко Јаневски, авторот на првиот македонски роман, „Село зад седумте јасени”, треба да се назначи дека и двајцата се членови на првиот состав на МАНУ, а Блаже Конески е нејзиниот прв претседател во два мандати, стои во соопштението од претседателот на Советот за македонски јазик, проф. д-р Људмил Спасов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот