Две лица приведени за пукањето во градоначалникот на Арачиново

Две лица се приведени под сомнение за помагање во вчерашниот обид за атентат врз градоначалникот на Арачиново, објавува Сител.  Извори од МВР велат дека полицијата се уште е на терен и се прават напори да се идентификува и приведе напаѓачот кој вчера со автоматска пушка отвори оган врз Ридван Ибраими, кој доаѓа од редовите на ДУИ.

Во меѓувреме, од торакалната клиника информираат дека состојбата на 21-годишниот А.А. е стабилна состојба и се опоравува. Во добра состојба е и Е.С. 39 кој лежи во Градската болница се очекува за неколку дена да биде отпуштен на домашно лекување.
Ова не е прв напад врз Ибрахими. Пред една година пријави за закани кои ги добивал од поранешниот градоначалник на Арачиново, Брахим Ајвази. Проблемот бил поради имотно-правни прашања, но за вчерашниот напад се уште не се знае дали е од истата причина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот