Двајца загинати и четворица повредени лица во вооружен напад во трговски центар во Ајдахо

Полиција во САД/Фото: Профимедиа

Две лица загинаа, а четворица други се повредени во пукање во трговски центар во Боис, град во северозападниот дел на САД, соопшти локалната полиција.

-Осомничениот убиец, кој се чини дека дејствувал сам, е уапсен и исклучена е каква било опасност за населението, изјави Рајан Ли, началник на полицијата во Боис, главен и најголем град во државата Ајдахо.

Полицијата разменила истрели со осомничениот при што е повреден еден полицаец.

Не се соопштуваат детали за идентитетот на жртвите или здравствената состојба на четворицата повредени, ниту за мотивите на убиецот.

Пукањата се многу честа појава во САД, особено во училишта, супермаркети или на работно место.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот