Двајца ранети при пукање во Арачиново

Илустрација/Архива на Слободен печат

Две лица се повредени во пукање со огнено оружје попладнево во Арачиново, неофицијално дознава „Слободен печат“.

Како што дознаваме од партиски извори во пукањето бил повреден возачот на градоначалникот на Општина Арачиново Ридван Ибраими, но според наши информации ранет е и градоначалникот Ибраими.

Од МВР засега нема детали, но според неофицијалните информации, причина за пукањето бил претходен спор за земјиште. Пред десетина месеци градоначалникот на Арачиново Ридван Ибраими пријавил дека соселанец му се заканувал по животот, по што полицијата го уапси 69-годишниот арачиновец кој ги упатил заканите.

Покрената постапка против повозрасниот арачиновец кој се закани дека ќе го убие градоначалникот

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот