Двајца мртви во синоќешните руски напади над Херсон

Фото Архива на СП

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што две лица загинаа, а четворица се повредени, соопшти шефот на воената управа на Херсон, Олександр Прокудин.

„Руската армија гаѓаше станбени области на населени места, оштетувајќи две катни згради и 10 приватни куќи. Како резултат на руската агресија, две лица загинаа, а четири се повредени“, напиша Прокудин на Телеграм.

„Напади се забележани и во пристанишната инфраструктура, објектите за критична инфраструктура, трговски центар, комерцијални објекти и автомобили“, додаде тој.

Според него, непријателот ги гранатирал населбите Дудчани, Нововоронцовка, Михаиловка, Одрадокамјанка, Гавриловка, Весела, Золота Балка, Качкаровка, Антоновка, Станислав, Днепровска, Јантарне, Билозерка, Велетенска, Кизомиш и Берегово и градот Хермис.

Во текот на ноќта, силите за противвоздушна одбрана уништиле 26 од 28-те јуришни беспилотни летала што Русија ги користеше за напад на Украина, објави Военото воздухопловство на Вооружените сили на Украина на Телеграм.

„Ноќта на 28 март, непријателот изврши ракетно-воздушен напад врз Украина користејќи три крстосувачки ракети Х-22 и една противрадарска ракета Х-31П (од правец на Црното Море), противвоздушна водена ракети С-300 (од правец на Доњецк) и 28 јуришни беспилотни летала од типот „Шахед-136/131“ (од регионот Курск и Крим)“, се наведува во соопштението и се додава дека 26 напади на беспилотни летала д типот „Шахед-136/131“ беа уништени во областите Одеса, Харков, Днепропетровск и Запорожје.

Како што пренесуваат украинските медиуми, во текот на ноќта руските сили го нападнале Запорожје со „шахед“ дронови, а во нападот се повредени две жени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот