Двајца битолчани истуриле непозната течност врз две коли на нивни сограѓанин, осомничени се за предизвикување општа опасност

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

МВР информира дека вчера од страна на полициски службеници од Одделението за општ криминал при СВР Битола лишени од слобода се М.М.(36) и Р.К.(26), поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „предизвикување на општа опасност”, по чл.288 од Кривичниот законик.

-Во 09.30 часот во битолското СВР, битолчанецот И.В. пријавил дека во временскиот период од 22.00 часот на 14.08.2022 до 07.15 часот на 15.08.2022 на улица „Македонска фаланга” во Битола, на две патнички возила „митцубиши” и „голф”, сопственост на пријавителот била истурена течност, при што било предизвикано нивно оштетување. По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, сторителите биле идентификувани, а при извршен претрес кај лицата пронајдени се предмети поврзани со извршеното кривично дело, известуваат од МВР.

Во координација со Јавен обвинител, по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот