Дурант се повреди и предвреме го заврши мечот со Хјустон

Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO SHUTTERSTOCK OUT

Кошаркарот на Голден стејт, Кевин Дурант се здоби со повреда за време на петтиот натпревар од четвртфиналето во НБА плејофот против Хјустон (104:99).

Тој на две минути пред крајот на третата четвртина по еден скок-шут тргна назад кон својата половина, но по неколку чекори застана и се фати за десната нога.

Набргу потоа една од „ѕвездите” на актуелниот шампион отиде во соблекуваните каде му беше пружена медицинска помош и повеќе не се врати на теренот.

До тој момент Дурант имаше постигнато 22 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот