Дуда: Запрепастен сум од разговорите што Шолц и Макрон ги водат со Путин

Анджеј Дуда / Фото; EPA-EFE/Lukasz Gagulski

Запрепастен сум од сите разговори со Путин, што ги водат кацеларот Олаф Шолц и претседателот Емануел Макрон. Со тие разговори не се постигнува ништо, тврди полскиот претседател Анджеј Дуда за германскиот весник Билд.

За Дуда, разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, претставува „вид на легитимизација на лицата одговорни за злосторствата што руската војска ги изврши во Украина”.

Самиот Путин е одговорен за испраќањето на својата војска во Украина, смета Дуда, додавајќи дека тој добива поддршка од неговите воени команданти.

– А дали некој вака разговарал со Адолф Хитлер за време на Втората светска војна? Дали некој кажал оти мора да се сочува образот? Дека работите мора да се направат на начин, со што, нема да се понижи Адолф Хитлер?, прашува полскиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот