Драстична промена: Ѕвездата на „Изгубени“ ја избричи главата (ФОТО)

Актерката Еванџелин Лили (40) позната по улогата на Кејт во серијата „Изгубени“, ги изненади фановите со промената на имиџот. На друштвените мрежи објави видео во кое сама ја крати косата и ја бричи главата, а потоа објави фотографии на кои ја долови новата промена.

Instagram

Еванџелин беше препознатлива по својата насмевка и по фризурата, а токму поради бујната коса се појави во кампањата на француската куќа „L’Oreal“.

Некои од фановите не се воодушевени од нејзината трансформација.

Instagram

„Зошто? Те молам, немој! Се надевам дека ова е шега“, коментирале некои надевајќи се дека Еванџелин ја скратила косата поради некоја нова улога.

Други пак се воодушевени од нејзината промена.

„Храбар потег, секоја чест. Сè уште си прекрасна и одвнатре и однадвор“ и пишувале пријателите нагласувајќи дека убавината не е во косата, туку во насмевката, очите и во однесувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот