ДРАМА ВО САРАЕВО: Убиец се самоуби по пукотница со полицијата (ВИДЕО)

Фото: Аваз

Маж кој бил осомничен дека утринава во Сараево убил една, а ранил друга жена, извршил самоубиство на подрачјето на Република Српска.

Првите информации од полицијата биле дека две женски лица се ранети по употреба на огнено оружје. Сепак, едната жена подлегнала на повредите, додека другата била пренесена во болница.

Потоа, осомничениот, кој според неофицијални информации бил Неџад Чаушевиќ, избегал на планината Бјелашница, каде полицајците набргу го пронашле неговото напуштено возило.

NA LICU MJESTA / Velika policijska potraga za ubicom na Bjelašnici

Publiée par Dnevni avaz sur Mardi 5 novembre 2019

„Тој бил лоциран во ефикасна акција на полициските службеници на полицијата на кантонот Сараево, и во еден момент пукал од огнено оружје кон полициските службеници, при што никој не бил повреден, а кога забележал поголем број полициски службеници извршил самоубиство“, изјави портпаролот на сараевската полиција.

Во потрагата се користеле и кучиња, а потрага била извршена на тешкопрооден терен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот