Драма во Индија: Претепале 17-годишна девојка до смрт бидејќи носела фармерки

EPA/HOTLI SIMANJUNTAK

Неху Пасван, 17-годишна девојка од Индија, минатата недела беше претепана до смрт од нејзиното пошироко семејство, затоа што не се согласиле со нејзината одлука да носи фармерки.

Нејзината мајка, Шакунтала Деви Пасван, за Би-Би-Си изјави дека дедото и чичковците на Неху ја тепале со стапови по расправијата околу облеката.

– Таа беше на целодневен верски пост, а вечерта носеше панталони и маица за да изведува ритуали. Нејзиниот дедо се спротивставил на начинот на облекување, а Неху и понатаму настојувала да ги носи фармерките, рече нејзината мајка.

Кавгата ескалирала и резултирала со насилство, тврди таа.

Шакунтала Деви опиша како нејзината ќерка веќе некое време е во несвест, а потоа роднините повикале такси за да ја однесат во болница.

– Не ми дозволија да одам со неа, па им реков на другите роднини да одат во болница, но тие не можеа да ја пронајдат. Следното утро, слушнале дека е пронајдено тело на девојче кое виси од мостот на реката Гандак. Покрената е истрага и утврдено е дека се работи за телото на Нах.

Полицијата отвори истрага за убиството и уништување на докази против десет лица, вклучувајќи ги бабите и дедовците на Неха, чичковците, братучедите, па дури и возачот на таксито.

Обвинетите досега не дадоа никакви изјави во јавноста, но полицијата соопшти дека се уапсени четири лица (дедото, бабата, чичкото и возачот) и се испрашувани, додека по другите се уште се трага.

Нејзиниот татко Амарнат Пасван, кој во тоа време бил на работа, за трагедијата дознал кога се вратил дома. Тој рече дека работи напорно за да може своите деца, вклучувајќи ја и Неха, да ги испрати на училиште.

Мајката рече дека Неха сака да стане полицајка, но дека нејзиниот сон нема да се оствари.

Сакаше да се облекува модерно, што честопати беше предмет на расправии меѓу постарите членови на семејството кои бараа да носи традиционална индиска облека.

Девојчињата и жените во Индија се соочуваат со сериозни закани. Честопати мајките кога ќе дознаат дека носат девојки абортираат, бидејќи семејствата претпочитаат синови.

Во руралните делови на Индија, тие живеат според строгите правила на постарите членови на семејството кои диктираат како ќе се облекуваат, каде ќе одат и со кого ќе разговараат, а секој погрешен чекор се смета за провокација и заслужува казна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот