ДПА со критики до власта и предлог мерки за загрозените категории граѓани

Комисијата за социјална политика при Демократската партија на Албанците на прес-конференција ги критикуваше постапките на властите во ситуација на пандемија во овој сектор, а понудија нивни решенија. Порачуваат дека треба да се земат во предвид мерките во соседните земји.

-Министерството за труд и социјална политика не презеде соодветни мерки за загрозените граѓани, пензинерите со ниски примања, стари лица и деца без родители и слично. ДУИ и другите политички партии немаа план за решавање на овие прашања. Предлагаме сите установи за социјални политики центрите, Пензискиот фонд и други да формираат мобилни тимови за обезбедување помош на наведени категории. Пошта да носи пензии до дома. Да се исплати еднокрана просечна плата за ранливи категории. Ова е овозможено и дозволено со закон  грижа на загорозени категории на граѓани, рече Фризим Даути од Комисијата за социјална политика.

И лидерот на патијата Мендух Тачи зборуваше на прес-конференцијата повторувајќи ги апелите за намалување на контактите и со тоа превенција од ширење на коронавирусот.

Контактите да се намалат, не комуникацијата по телефон. Затоа што само со избегнување на контакти може да се избегне заболување. Вирусот не живее во организмите наши, не се репродуцира. Со помалку контакти има  помалку шанси за вирусот. Автоматски го слабееме вирусот и го ојачуваме временски период на здравствениот систем да се бори полесно со него, истакна Тачи.

Според него, претпазливоста е потребна бидејќи и италијанското и шпанското „сценарио” со пандемијата не се филм, туку реална состојба која, како што вели, може лесно да ја зафати државата поради послабите капацитети од споменатите држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот