Дождот во Австралија доаѓа како подарок за Божиќ, сите родендени, веридби, годишнини и венчавки во едно

Фото: EPA-EFE/NASA EARTH OBSERVATORY

„Со периодот на суша кој го имавме, потребно е дождот да паѓа долго и без престанок за да го зголеми нивото на влага и да ги згасне пожарите. Тоа е малку веројатно“, рече Бредстрит.

Прогнозите за силни дождови оваа недела највернојатно нема да ги запрат пожарите кои со месеци горат во Австралија.

Денес е предвиден дожд во близина на централните и северните брегови на континентот, додека грмотевици и поројни дождови се предвидуваат во поголем дел од сојузната држава Нов Јужен Велс за четврток.

Противпожарната служба на Нов Јужен Велс напиша на Твитер дека, доколку се остварат прогнозите за дождовите, тоа ќе биде подарок за „Божиќ, сите родендени, веридби, годишнини и венчавки споени во едно“, но портпаролот на службата Ентони Бредстрит рече дека врнежните најверојатно нема да бидат толку обилни за да ги згаснат пожарите.

– Со периодот на суша кој го имавме, потребно е дождот да паѓа долго и без престанок за да го зголеми нивото на влага и да ги згасне пожарите. Тоа е малку веројатно – рече Бредстрит за „Гардијан“.

Противпожарната служба соопшти дека само во Нов Јужен Велс и понатаму горат околу 100 пожари, од кои 36 се надвор од контрола.

Откако серијата на катастрофални пожари започна на средината на октомври, загинаа 23 лица, а уништено се повеќе од 11,2 милиони хектари ширум земјата.

Некои проценки велат дека дури милијарда животни, вклучувајќи ја стоката, домашните животни и домашни миленици, угинале во огнот или им претстои закана поради недостаток на храна и засолниште.

Како последица на големите количества на чад, воздухот е загаден на најопасно ниво. Итните служби населението мораа да го евакуираат со оклопни возила, поради опасноста од паѓање на запалени дрва.

Австралиската влада денес ги прогласи пожарите како еколошка катастрофа поради која ќе бидат уништени неколку видови, вклучувајќи ги коалите и торбарите валаби. Поради оваа закана, тие определија 50 милиони долари за нивно опоравување.

– Ова беше еколошка катастрофа која и понатаму се развива – рече шефот на трезорот Џош Фрајденберг за време на посетата на болницата за коали Порт Меквари, каде се лекуваат 45 животни од изгореници.

Фотографии од запалени кенгури, коали и опосуми, заедно со снимките од луѓе кои го ризикуваат соптвениот живот за да ги спасат животните, беа споделувани преку социјалните мрежи и медиумите ширум светот, а луѓето од целата Планета се вклучија во акција за плетење на илјада заштитни торбички и ќебиња за повредените диви животни.

Фото: EPA-EFE

Владата на Нов Јужен Велс започна акција во чии рамки од авиони се исфрлаат моркови и компири за да се нахраната исцрпените животни. Досега од леталата се исфрлени 2.200 килограми свежи моркови.

Министерот за заштита на животната средина Мет Кин рече дека многу животни успеале да се спасат и да побегнат од пожарите и опасносите, но и дека сега се наоѓаат надвор од своите домови и во недостапни предели, каде немаат пристап до храна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот