Дожд од марихуана во Израел (ВИДЕО)

Стотици паковки со марихуана паднаа од небото на централниот плоштад во Тел Авив оваа недела, што предизвика радост кај минувачите.

„Крајно време е, драги браќа. Дали е тоа птица? Дали е тоа авион? Не, тоа е зелен дрон што дистрибуира марихуана бесплатно“, напиша групата на „Зелен дрон“ во криптирана порака на апликацијата Телеграм, пренесуваат израелски медиуми.

Две лица кои управувале со дронот биле забележани од полицијата, а локалните медиуми јавуваат дека подоцна биле уапсени.

Од „Зелен дрон“ објавија дека проектот „Дожд од марихуана“ ќе продолжи секоја недела на друга локација во Израел, каде вкупно еден килограм марихуана ќе падне од небото.

Иако Израел одобри извоз на медицинска марихуана, производството, продажбата, купувањето и употребата на оваа „мека дрога“ за рекреативни цели сè уште претставува прекршок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот