Домот на млад скопјанец ПОЛН СО ДРОГА, СВР Скопје поднесе кривична
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.П.(25) од Скопје, поради постоење на основи на сомнение за сторени две кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, информира МВР.
Имено во домот на скопјанецот Д.П. се пронајдени, марихуана, метамфетамин, кокаин дигитална вага и куршуми.
-На 18.11.2019 полициски службеници од Eдиницата за недозволена трговија при СВР Скопје, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во домот на пријавениот во населбата Ѓорче Петров, при што биле пронајдени и одземени марихуана, огледало со остатоци од амфетамин и кокаин, дигиталната вага со остатоци од тетрахидроканабинол и кокаин и 15 куршуми калибар 22LR и еден куршум со калибар 7,65мм- соопштува МВР.