Домашна картичка за 4.394 здравствени работници

Нив им следуваат 40 отсто од последната основна нето плата, никого не заборавивме, соопшти Филипче на „Фејсбук“.

Министерот за здравство Венко Филипче, соопшти дека со мерката домашна картичка ќе бидат опфатени 4.394 здравствени работници. Станува збор за лица кои директно биле вклучени во борбата со Ковид – 19.

Според правилата утврдени од Владата нив ќе им следува 40 отсто од последната основна нето-плата, напиша денеска на својот фејсбук профил министерот за здравство, Венко Филипче.

-Како што ветивме никој нема да биде заборавен. Тука се вклучени вработени во ЈЗУ, Клиника за инфективни болести, Институт за јавно здравје, Центри за јавно здравје, Итна помош, инфективните одделенија и вработени во други одделенија ангажирани за тестирање, дијагностицирање и лекување на граѓани заболени од КОВИД-19, наведува Филипче.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот