Долгоочекуваниот дожд во Австралија донесе силна бура и опасност од поплави (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/DEAN LEWINS

Пожарите уништија голем дел од вегетацијата која може да ги апсорбира врнежите.

Силна олуја проседена со грмотевици и силен дожд, а на некои места и град, погоди одредени региони на Австралија која со месеци се бори со силните пожари кои потполно опустошија делови на оваа земја, пренесува српски „Курир“.

Иако овие временски услови можат да бидат од огромна помош за пожарникарите кои се борат со најлошите пожари во историјата на Австралија, метеоролозите велат дека се уште не е сигурно дали дождот ќе паѓа таму кадешто е најпотребно и дали тоа ќе биде доволно.

Досега немало доволно дожд за да се згаснат пожарите, пренесува Си-Ен-Ен и ги пренесува дека надлежните се загрижени оти обилните дождови може да предизвикаат поплави, бидејќи водата не се впива во сувата земја и буквално се лизга по дното.

Исто така, пожарите уништија и голем дел од вегетацијата која може да ги апсорбира врнежите.

Службата за вонредни ситуации на сојузната држава Викторија објави на Фејсбук неколку фотографии на кои може да се забележат штетите од невремето, вклучувајќи и една дупка од четири метри која се отворила покрај патот.

Во делови на Мелбурн наврнале дури 77 милиметри дожд, предизвикувајќи поплава и одредени штети, соопштија локалните власти.

Протипожарната служба на Нов Јужен Велс соопшти на Твитер дека „иако овој дожд нема да ги изгасне сите пожари, сигурно помага за намалување на нивниот интензитет“.

Си-Ен-Ен известуваат дека дождот не паѓал во сите делови од земјата во кои беснее огнената стихија, но и дека во Нов Јужен Велс повеќе од 10.000 куќи и објекти останале без струја поради невремето.

Фото: EPA-EFE/DEAN LEWINS

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот