Доколку го добиете ова известување од Твитер, еве што значи

Новиот Центар за приватност ќе биде централно место на кое корисниците на Твитер ќе се информираат за политиките за приватност и заштита на податоците на компанијата, како и за одговорноста на клиентите.

Твитер од јануари 2020 година ќе покрене Центар за приватност, за да може подобро да ги информира своите корисници на појасен и директен начин, околу нивната заштита и информациите кои се споделуваат на таа мрежа.

Веб-страната ќе објави информации за разни иницијативи на Твитер, објави, соопштенија за приватност, ќе ги известува корисниците за безбедносните слабости и инциденти.

Центарот за приватност на Твитер ќе има засилена страна со постојни документи со кои се регулираат правата на приватност на Интернет, како што се GDPR (Општо регулирање за заштита на податоците), CCPA (акт за приватност на потрошувачите во Калифорнија) и Глобален ДПА (додаток за обработка на податоци).

Твитер соопшти дека ќе се фокусира на приватноста во три области: техничка надградба на стариот систем  за да може да поддржи нови услуги, зголемен степен на „вградување“ на приватноста во сите нивни нови производи и одговорност пред клиентите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот