Дојде во Милан, ги помина прегледите, но со првиот авион се врати дома!

фото: твитер

Проблемот е во самиот договор кој му беше понуден, односно не ги прифати понудените услови од страна на „Росонерите“ и одлучи да не направи трансфер.

Иако се очекуваше дека на последниот ден од зимскиот преоден рок 2020 екипата на Милан ќе се засили со американскиот фудбалер Ентони Робинсон, тоа нема да се случи.

Овој 22-годишен лев бек дојде денеска во Милан да го потпише договорот. Ги помина и лекарските прегледи, но на крајот не беше официјализирана соработката.

Проблемот е во самиот договор кој му беше понуден, односно Робинсон не ги прифати понудените услови од страна на „Росонерите“ и одлучи да не направи трансфер на „Сан Сиро“.

Со првиот авион Американецот се врати во Англија каде што ќе му се придружи на својот актуелен клуб, Виган.

Англиската екипа официјално објави дека нема да има ништо од трансферот вреден 10 милиони евра.

Да додадеме уште дека Милан го врати Диего Лаксалт кој беше на позајмица во Торино, а на позајмица од Андерлехт дојде 20-годишниот белгиски крилен напаѓач, Алексис Салемакерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот