„Дојче Телеком“ нема да наплаќа за разговорите меѓу Германија, Турција и Сирија

Германски телеком/ Фото: Joerg Huettenhoelscher / Alamy / Alamy / Profimedia

Германскиот телекомуникациски гигант „Дојче Телеком“ објави дека нема да наплаќа за разговори меѓу Германија, Турција и Сирија до средината на февруари, со цел да ја олесни комуникацијата по страшниот земјотрес кој однесе илјадници животи. Компанијата нема да наплаќа од корисниците за разговори од 6 февруари, ретроактивно, до 15 февруари, а сите клиенти на Телеком и Конгстар ќе бидат ослободени од таксата, се вели во соопштението објавено денеска.

„Сликите и извештаите кои моментално ни пристигнуваат од Турција и Сирија длабоко не погодуваат и тагуваат. Нашите мисли се со жртвите и нивните семејства“, напиша извршниот директор на ДТ Тим Хотгес на „ЛинкдИн“. „Сакаме да покажеме солидарност“, додаде Хотгес, посочувајќи дека многу работници на ДТ имаат семејни врски со Турција и Сирија.

Повеќе од три милиони германски државјани се со турско потекло, забележува Ројтерс, а Германија примила и еден милион сириски бегалци од граѓанската војна. Дојче Телеком планира да донира еден милион евра за хуманитарна помош.

Според моментално достапните податоци, земјотресот однесе повеќе од 9.500 човечки животи во Турција и Сирија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот