Додик: Република Српска останува на патот на својата воена неутралност

Милорад Додик / Фото: ЕПА

„Република Српска има намера секоја своја одлука врзана за интергациите, пред се, да ја даде на одлучување на народот преку референдум, што е обврзувачки за оние кои во име на Србите делуваат во Сараево“, рече Додик.

Српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик денеска во Командата на Шестата пешадиска бригада на Вооружените сили на БиХ порача дека Република Српска останува на патот на својата воена неутралност.

– Република Српска има намера секоја своја одлука врзана за интергациите, пред се, да ја даде на одлучување на народот преку референдум, што е обврзувачки за оние кои во име на Србите делуваат во Сараево – рече Додик.

Тој потсети дека НАТО ги бомбардирале Србите, користеле осиромашен ураниум и нанесе големи штети на српскиот народ.

Заменик министерот за одбрана на БиХ, Мирко Околиќ, кажа дека од претставниците на Србите и Република Српска во Министерството за одбрана и Вооружените сили на БиХ ќе бара да работат чесно и да ги заштитат интересите на Србите кои работат таму.

– Истовремено од вас барам да не правите штета на интресите на Бошњаците и Хрватите, нити на било кој друг. Нам штетата на други не ни треба, нам ни е доволно да ги заштитиме нашите интереси – порача Околиќ, пренесен од бањалучките медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот