Додик: Бошњачката политичка елита постојано ја опструира Република Српска

Милорад Додик / Фото: Профимедиа

Српскиот член на Претседателството на БиХ,  Милорад Додик, изјави дека Народото собрание на Република Српска  е одлучно, во рамките на своите овластувања, да ги поврати одземените надлежности – од војската до индиректните даноци.

Додик истакна дека бошњачката политичка елита не сака да го прифати постоењето на Република Српска,туку постојано ја опструира, во што има значителна помош од меѓународните претставници кои прават се да ја развластат Република Српска и да го засилат државното ниво на БиХ.

-Затоа Нардоното собрание на РС е одлучно, во рамките на своите овластувања, да ги поврати одземените надлежности од војската до индиректните даноци- рече Додик и наведе дека од индиректните даноци се исплатуваат платите за вработените во задничките институции на БиХ, кои во 2000 година биле околу 2.000 а денеска се 25.000.

Според Додик, Бошњаците се однесуваат така што за тоа што го приграбиле и што им го дал високиот претстсвник,за тоа веќе нема дискусија, што е ставот и на лидерот на СДА, Бекир Изетбеговиќ,, пренесува РТРС, повикувајќи се на агенцијата Срна.

-Не можеме ситуацијата да ја оставиме таква како што е сега- порача Додик, констатирајќи дека сите надлежности кои се пренесени на ниво на БиХ претставуваат огромна загуба за РС.

Тој потсети дек РС е единственото ниво на власта во БиХ со формирани органи по минатогодишните избори.

-Имаме стабила политичка и институционална ситуација, рече Додик на собирот во Источно Сараево напоменувајќи дека политичката ситуација на ниво на БиХ е оптоварена со бројни проблеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот