Доброволци се собираат за да помогнат во потрагата по двегодишната Данка која исчезна во Бор

фото: Социјални мрежи

Девојчето Данка Илиќ (2) исчезна вчера во Бањско поле кај Бор, а во потрагата се вклучија и голем број луѓе за да му помогнат на семејството да го пронајде детето. Припадници на полицијата и други служби се на лице место и се врши детален претрес, а хеликоптер во текот на ноќта го надлетувал подрачјето на Бор, пренесува српска „Нова“.

Полицијата со беспилотни летала цела ноќ ја пребаруваше околината на Бањско поле за да види дали може да го забележи девојчето. Потрагата влезе во 20-ти час, а временските услови исклучително ја отежнуваат потрагата по детето.

Во селото каде што исчезна детето се собрале голем број луѓе за да се вклучат во потрагата и да му помогнат на семејството. Полицијата врши увид на сите возила, а влезовите и излезите кон селото се целосно затворени.

Како што претходно изјавија соседите, семејството на девојчето не доаѓало често на имотот на ова место, само дедото на девојчето го посетувал и средувал. Меѓутоа, ден пред исчезнувањето сите дошле, а девојчето наеднаш се изгубило.

Овој случај за прв пат го активираше системот „Најди ме“, по моделот на американскиот Амбер Алерт, а за исчезнувањето на детето беше информирана речиси цела балканска јавност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот