Добри вести од Русија: Не е регистриран ниту еден случај на тромбоза по примање на вакцината „Спутник В“

Руската вакцина Спутник V/ Фото: EPA-EFE/ANDREI POKUMEIKO / POOL MANDATORY CREDIT

Руската служба за здравствен надзор не регистрираше ниту еден случај на тромбоза по вакцинацијата со руската вакцина против коронавирусот „Спутник В“, изјави шефот на оваа служба Ала Самојлова.

Таа наведе дека отсуството на такви несакани ефекти го потврдило и аргентинското Министерство за здравство, кое ги објавува податоците од резултатите на вакцината „Спутник В“.

— Повеќефазното прочистување на вакцината „Спутник В“ со употреба на високотехнолошка хроматографија и микрофилтрација ја исклучува можноста во вакцината да успее да влезе голема количина на преостаната ДНК, што е фактор на ризик за развој на тромбоза – објасни Самојлова.

Таа додаде дека „странските вакцини содржат десетици пати повеќе количина на нуклеински киселини, отколку „Спутник В“.

-Еден до два микрограма во „Спутник В“ наспроти 50 до 100 микрограми во странските вакцини кои се направени на други платформи, вели Самојлова.

Претходно Управата за храна и лекови во САД препорача да се запре употребата на вакцината на „Џонсон и Џонсон“ заради случаи на тромбоза, додека Европската агенција за лекови ја потврди можната поврзаност меѓу вакцината на „Астра-Зенека“ и ретките случаи на крвни згрутчувања.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот