Добра вест за Македонија: Муслиу спремен за натпреварите со Украина и Англија

Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski

Maкедонскиот репрезентативец Висар Муслиу по паузата која траеше месец ипол се врати на терените во дресот на својот тим.

Муслиу денес настапи за Инглоштад на гости против Ое, во натпреварот во кој неговиот тим стигна до победата.

Фудбаларот од одбраната во изминатиот период отсуствуваше од терените поради повреда која ја заработи во настапот за Македонија против Малта. Поради таа повреда Муслиу го пропушти пријателскиот натпревар против Фарски Острови.

Со победата Инглоштад и дефинитивно избега од опасната зона и на едно коло пред крајот се наоѓа на 11-то место со 47 бодови ов третата германска лига.

Враќањето на Муслиу е добра вест за селекторот Благоја Милевски кој ќе може да смета на него во јунскиот циклус квалификации во кој ќе играме против Украина дома и Англија на гости.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот