ДО ДОЦНА ВО НОЌТА: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со вилушкар ги носеле амандманите до собраниската архива - Слободен печат

ДО ДОЦНА ВО НОЌТА: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со вилушкар ги носеле амандманите до собраниската архива

Вработените во собраниските служби викендов, па дури и новогодишните празници, ќе го поминат работно архивирајќи дури над 10.000 амандмни поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Околу 6.000 амандмани се за предлог-измените на Изборниот законик. 970 амандмани ВМРО-ДПМНЕ поднесе за Предлог законот за Академија за судии и јавни обвинтели. Во собраниската архива пристигнале и околу 4.000 за Јавно обвинителската служба.

Без голема врева, тивко, амандманите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ до собраниските архиви почнале да пристигаат на 11 декември во попладневните часови. Биле носени со вилушкар, не во кутии, туку лист по лист, наредени еден над друг амандман, се до ноќта до 21 часот. Архивата била затрупана. Нашите извори велат дека вработени во службите не го криеле своето изненадување, бидејќи немале никаква најава за толкав број на амандмани. Изненадени биле и од владејачката коалиција, бидејќи очекувале дискусија, а наместо тоа добиле амандмани со кои трајно ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги блокираа измените на Изборниот законик за една изборна единица и за отвоени листи, но и предлог законот за Академија на судии и јавни обивнители и за Јавно обвинителскта служба.

Сепак, најмногу биле изненадени предлагачите – „Иницијативата за една изборна единица“. Оттаму за „Слободен печат“ велат дека од колегите од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ очекувале во најмала рака колегијалност, односно собраниска сендица на која ќе бидат разменети различни ставови, бидејќи им било јасно дека кај ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ немаат расположение за промена на изборниот модел.

– За да поднесете илјадници амандмани за промена на само 3 или 4 члена од Изборниот законик, навистина треба голема креативност. Службите во Собранието не можат така брзо да ги архивираат, за да ги средат амандманите од админстративно-технички аспект треба да работат и за викендов. Тоа е апсурдна ситуација. Никој не очекуваше толку амандмани – велат од „Иницијативата за една изборна единица“.

Ако собраниските комисии ја започнат процедурата за да ги разгледауваат амандманите, тогаш најверојатно и народните избраници, велат нашите извори, новогодишните празници ќе треба да ги поминат во Собранието.

Од СДСМ велат дека „ВМРО-ДПМНЕ со 970 поднесени амандмани сака да го блокира Предлог законот за Академија за судии и јавни обвинители, за да обезбеди заштита за криминалот што го правеа функционерите од оваа партија и да спречи какви било реформи во судството“.

– Поднесоа 4.000 амандмани за предлог законот за Јавно обвинителска служба со што ги загрозуваат доказните матријали во процесите коишто се водат против нив – велат од СДСМ.

Прочитај повеќе

Ивановска: Детектирани се слабите точки и „финтите“ како се злоупотребува дискреционото право

Слободен печат

Дескоска очекува поддршка од сите пратеници за Законот за ЈО

Слободен печат

Прв ден судење за отповикувањето на Трамп- борба за сведоци и доверливи документи

Слободен печат

Др. Дудучки: Голем број млади Кумановци страдаат од пострауматски стресни раствојства настанати во војни

Слободен печат

Трамп „зависен“ од Твитер, во еден ден напиша 142 твита

Слободен печат

Продолжува судењето за „Рекет”

Слободен печат

1 comment

m-r.Slobodan Dimitrovski 13/12/2019 - 13:00 at 13:00

EVE USTE EDNA PRICINA DA NE IZLEZE NARODOT NA IZBORI ZAKOGO GLASAL? ZA DA SE NEKOJ PRAVI NENORMALEN I NAS DA NE PRAVI GLUPAVI? SAMO TROSOCI VRZ TROSOCI PODOBRO DA JA DONIRALE HARTIJATA PO INSTITUCIITE A SEGA PAK KE ZAVRSI VO NEKOJA DEPONIJA? BOG DA CUVA I BRANI SO IZROD SME DA SME NAROD LESNO E NEGO NESTO IZMEGJU NEKOJ JUZNOAFRIKANSKI KOKTEL?

Reply

Остави Коментар

fourteen − nine =

Прочитај повеќе

Пратениците ќе расправаат за Законот за заштита од вознемирување на работно место

Слободен печат

Сончево со температура до 11 степени

Слободен печат

Во операција на Интерпол на Балканот спасени десетици жртви на трговија со луѓе

Слободен печат

На еден студент просечно по една банана месечно

Мирослава Бурнс

Испукан солзавец и водени топови: Насилни протести во Цирих против форумот во Давос

Слободен печат

Три лица загинаа откако во Австралија се урна авион за гаснење пожари

Слободен печат