Дневен пресек на состојбата со Ковид-19 во светот: Над 40 милиони инфицирани лица, над 30 милиони оздравени, над милион починати

Според најновите податоци, со новиот коронавирус во светот досега се заразени 40.462.338 милиоини лица. Од последици од ковид-19 починале 1.120.715 милиони пациенти, а оздравеле 30.232.844 милиони луѓе.

– Во Албанија се зголемува бројот на заразени со ковид-19 и во последното деноноќие е регистриран нов негативен рекорд на новозаразени. Од направените 1.413 тестови, вирусот е дијагностициран кај 295 што е 21 отсто од тестраните. Со последно дијагностицираните, вкупниот број на заболени во земјата изнесува 17.350. Во изминатите 24 часа како оздравени се заведени 96 лица или вкупно 10.167 додека починаа три лица или вкупно 454 до сега. И натаму е голем бројот на лица на кои им е неопходно болничко лекување. Активни случаи во земјата има 6.729 од кои во двете ковид болници во Тирана се хоспитализирани 259 пациенти, соопшти албанското Министертвото за здравство и социјална заштита.

Бројката на жртви на пандемијата на ковид-19 во Косово достигна 656, откако три пациенти кај кои бил откриен новиот коронавирус починаа во последните 24 часа. Според Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК), вчера се откриени 118 новозаразени, така што бројот на лица кај кои е откриен вирусот од почетокот на епидемијата се искачи на 17.009.

Во дневниот извештај на ИКШПК се наведува дека, вклучително и вчерашните 50 излекувани, болеста досега ја совладале вкупно 14.716 лица. Согласно официјалните статистики на косовските здравствени власти, во земјата моментно има 1.637 активни носители на вирусот.

Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 145 новозаразени со вирусот и четири смртни случаи. Најголем дел од новозаразените се од Подгорица – 65. Вкупниот број на смртни случаи поврзани со коронавирусот е 231 од почетокот на јуни, а 240 од почетокот на годината.

Во Австрија, во последните 24 часа се регистрирани 1.121 нов случај на инфекција со коронавирус, а бројот на смртни случаи за истиот период се зголеми за 11. Австрија подолго време има бројки над 1.000, па дури и 1.500, а во земјата се прават и помалку тестови за време на викендите. Во текот на изминатите 24 часа биле тестирани 14.550 лица, што е за 3.292 помалку од претходниот ден, и скоро 10.000 помалку од работните денови.

Во Словачка се потврдени 860 нови случаи на коронавирус, но во споредба со претходниот ден се извршија и двојно помалку тестови. Во последните 24 часа починаа четири лица, вкупно 92 од почетокот на пандемијата. На болничко лекување се 532 лица од кои 21 лице е на одделите за интензивна нега, а 51 е на респиратори. Од почетокот на пандемијата, биле заразени 30.695 лица со вирусот, а 622.032 биле тестирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот