Дневен преглед на состојбата со коронавирусот во светот

epa08543300 People wear face masks in Zagreb, Croatia, 13 July 2020. Croatian authorities have issued a directive for face masks to be worn in shops, cafes and restaurants, and on public transportation in a bid to slow down the spread COVID-19, which is caused by the SARS-CoV-2 coronavirus. EPA-EFE/ANTONIO BAT

Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени  16.762.914 лица. Од нив починале 659.733, а оздравеле 10.315.761 лица.

– Во изминатите 24 часа во Грција е регистриран зголемен број нови случаи на Ковид-19, во споредба со изминатите денови. Националната организација за јавно здравје соопшти 52 случаи, од кои седум се од направените тестови на влезните точки во земјата, а од коронавирусот почина едно лице. Бројот на заразени од почетокот на епидемијата се зголеми на 4.279 лица, а починаа 203 лица.

– Министерството за здравство на Кипар соопшти седум нови случаи на Ковид-19 од 1.974 направени тестови, со што вкупниот број на регистрирани случаи се зголеми на 1.067.

– Во Албанија, во последното деноноќие од направените 507 тестови потврдени се 117 новозаразени со Ковид-19, со што вкупната бројка се зголеми на 4.997 заразени лица. Меѓу новозаразените се и градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, тројца пратеници, како и тримесечно бебе,чија мајка е исто така заразена.Во исто време закрепнале 44 или вкупно 2.789 а битката со опасниот вирус ја загубиле четири лица,односно 148 од почетокот на пандемијата. Активни на болеста се 2.060 од кои 123 се тертираат во Инфективната клиника и во болницата „Шефќет Ндрочи”-болница Ковид2, при што 29 се во тешка здравствена состојба.

– Во последните 24 часа на Косово, од вирусот починаа седум лица, по што бројот на смртни случаи се зголеми на 192 лица, соопшти денеска Националниот институт за јавно здравје на Косово. Бројот на заразени е 239 со што бројот на позитивни случаи се зголеми на 7.652. Бројот на активни случаи е 3.331.

– Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Германија е зголемен за 633 на 206.224, според денешните податоци на Институтот „Роберт Кох”. Уште четири лица починале од вирусот, а вкупно 9.122 лица починале од почетокот на пандемијата.

– Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Унгарија се зголеми за осум – на 45.456, според веб-страницата на владата koronavirus.gov.hu. Нема смртни случаи во последните 24 часа, така што вкупниот број на смртни случаи   останува 596. Во Унгарија, активни се 529 случаи на коронавирус, 76 се хоспитализирани, а шест од нив се на респиратор.

– Бројот на заболени од коронавирусот во Чешка е зголемен во последните 24 часа за 195, соопшти Министерството за здравство. Во неделата беа регистрирани 115 нови случаи, што е најмал број од 19 јули. Вкупниот број на заразени лица е 15.516, а 3.828 во моментов се хоспитализирани или се самоизолирани. Од почетокот на пандемијата во Чешка, регистрирани се 373 смртни случаи од Ковид-19.

– Бразил пријави уште 23.384 случаи на заразени со новиот коронавирус, со што вкупниот број на заразени изнесува 2.442.375. Уште 614 лица починаа, а досега се регистрирани вкупно 87.618 жртви на коронавирусот.

– Филипинското Министерство за здравство соопшти дека се потврдени 1.678 нови случаи на коронавирус. Тоа е 14-ти ден со број на заразени повеќе од 1.000. Уште четири лица починаа, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на епидемијата е 1.947. На Филипини се потврдени 83.673 случаи на коронавирус.

– Во Русија, потврдени се уште 5.395 случаи на инфекција со коронавирусот, а вкупниот број заразени достигна 823.515, соопшти Кризниот штаб надлежен за борба против коронавирусот. Уште 150 луѓе починале од Ковид-19 за изминатите 24 часа, а од почетокот на епидемијата, вкупниот број на смртни случаи е 13.504.

– Во Мексико, потврдени се 4.973 нови случаи на инфекција со коронавирус во претходните 24 часа, додека други 342 лица починале. Од почетокот на пандемијата се дијагностицирани 395.489 лица со вирусот во Мексико. Таа земја регистрирала 44.022 смртни случаи како резултат на Ковид-19, што ја прави четврта во светот. Мексиканската Влада соопшти дека вистинскиот број заразени лица веројатно е значително поголем отколку што покажуваат официјалните бројки.

– Во Бугарија, потврдени се 194 нови случаи на Ковид-19 од 3.832 тестирани примероци во последните 24 часа. Во Бугарија има 4.689 активни случаи. Починаа уште седум лица, а 39 лица се на интензивна нега.

– Во Словенија, потврдени се 14 нови случаи на коронавирус, од 874 тестирани примероци, а уште еден смртен случај. Вкупниот број на случаи на заразени со новиот коронавирус во Словенија е 2.101, а 117 лица починаа од почетокот на епидемијата. Хоспитализирани се 17 пациенти од кои тројца се на интензивна нега.

– Кина соопшти за 68 нови случаи на заразени со новиот коронавирус, вклучувајќи 64 локално пренесени инфекции. Ова е втор ден по ред Кина да пријави најголем број на локално пријавени случаи од 6 март. Во понеделникот беа пријавени 57 локално пренесени инфекции. Од 64 нови случаи пренесени на локално ниво, 57 се во провинцијата Ксинџијанг, шест во Лиаонинг и еден во Пекинг. Кина, исто така, објави за 34 нови асимптоматски случаи на инфекција. Вкупниот број на случаи на коронавирус во Кина сега е 83.959, а од почетокот на пандемијата починале вкупно 4.634 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот