Дневен хороскоп: Започнува прекрасен период за вас и за вашиот партнер

Фото: Profimedia

Овен
Може да очекувате позитивен ден, кој ви носи добри вести од областа на деловната активност. Ако сте во приватен бизнис, може да очекувате подобра состојба во наредниот период. Растојанието помеѓу вас и вашата сакана личност може да потрае некое време. Можна е поголема криза. Саканата личност е малку неискрена кон вас.

Бик
Денешниот ден ќе ви пружи одлична демонстрација на мудрите изреки – луѓето многу брзо забораваат сè лошо што им се случило и ги памтат само периодите на среќа. Ќе бидете преполни со енергија, а прашање е што ќе направите со неа денес. Постојат разни начини да ја искористите, бидејќи многу работи ве интересираат. Пронајдете што е тоа и правилно насочете го.

Близнаци
Вашата иницијатива ќе даде позитивен резултат. Добро ќе се соочувате со пречките и лесно ќе ги надминете. Можно е да добиете добри вести, останете позитивни. За оние кои работат, покажете поголема прецизност – вашата темелност и труд ќе се цени. На љубовно поле имате идеи како да ги подобрите односите или да започнете нешто ново.

Рак
Сите околу вас ќе ви изгледаат како да се претерано зафатени, но вашата смиреност нема да дозволи да ви се наруши мирот и редот. Ќе уживате во она што ви причинува задоволство. За оние кои работат, подобро е да одолеете на потребата да се доверите на некои колеги. Љубовната реалност е далеку од вас, бидејќи сте препуштени на фантазијата.

Лав
Денес би можело да биде еден од оние денови кога ќе сфатите каде и што е вашата судбина. Многу веројатно е дека наскоро ќе го промените својот живот и ќе ги поставите темелите сосема поинаку од во моментот. Тоа не се однесува само на вашиот професионален живот туку на комплетниот – местото на живеење, љубовната врска и децата.

Девица
По неколку денови на комплетна апатија, денес очекувајте налет на енергија. Секој кој се обидува да ве задржи нека внимава, бидејќи нема да бидете расположени да ги толерирате забелешките, ниту да бидете воздржани. Ова ќе биде одлична можност да ја засилите својата репутација како одличен тренер или капитен на тимот!

Вага
Можете да ја планирате вашата следна авантура. Многу парови во овој период ќе експериментираат во спалната соба и ќе си ја зголемуваат страста. Ако сте соло, можно е да започнете да флертувате со личност која е постара од вас. Вие имате свое мото – љубовта не познава граници за вас. Балансирајте, не одете во крајности.

Скорпија
Ако сте планирале да соработувате со некој кој веќе ви помогнал во деловната област, ќе бидете задоволни. Но, и доколку сте ја вложиле енергијата во некој самостоен проект, ова би можело да биде одличен ден за вас. Очекувајте успеси. Ако сте слободни, ќе имате нови интересни понуди за љубов денес. Можно е да имате проблем со желудникот

Стрелец
Денешниот ден ќе биде преполн со случувања. Голема е веројатноста дека ќе се почувствувате конечно подготвени да се фатите во костец со нешто што ве мачи – без разлика дали се детали околу проектот на кој работите или проблем околу домаќинството. Нема да застанете додека тоа не го решите и никој нема да успее да ве попречува во тоа.

Јарец
Денес потрудете се малку повеќе околу она што премногу ви значи. Ќе мора да се докажете себе и немојте да ја штедите својата енергија за да успеете во тоа. Целата таа енергија ќе ве исцрпи, па потрудете се на крајот на денот добро да се одморите. Вечерва можете да правите сѐ што ќе посакате со вашиот партнер меѓу четирите ѕида.

Водолија
Денес ве очекува напорен ден. Немојте да закажувате и да си додавате себеси нови обврски. Денес семејството смета на вас. Всушност, ќе се растрчате на повеќе страни, но потрудете се да оставите малку енергија и за себе. Доколку им се предадете на нив целосно, нервите ќе ви бидат на граница. Прво направете план, за полесно да ги извршите обврските.

Риби
Семејството на прво место! Денес ќе го насочите целото внимание кон вашите најмили. Дури и во овие бурни времиња, вие настојувате колку што е можно повеќе време да поминувате со семејството. Започнува прекрасен период за вас и сопругот ако сте во брак. А, ако сте сингл, мора да внимавате на вашата ранлива душа. Не пуштајте секого во вашето срце.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот