Дневен хороскоп за 7 јуни: Некој од минатото се обидува да се врати во вашиот живот

хороскоп
Рене Магрит - Љубовници (IV) 1928–1928

Овен

Конечно колегите и надредените ги забележале ваши­те квалитети и вашиот придонес во компанијата. Денес во љубовта ќе делувате незаинтересирано, а тоа ќе ги одбива припадниците на спротивниот пол. Партнерот ви е поддршка за сѐ, само треба да го слушате што ви зборува. Одличен ден на сите нивоа и во сите дејности.

Бик

Важна понуда доаѓа до вас и имате големи очекувања. Како што денот ќе одминува, вие ќе се чувствувате сѐ подобро, поттикнувачки и ќе можете да завршите многу повеќе работа од она што сте го планирале. Ќе бидете особено добро расположени и великодушни кон сака­ната личност. Денот ќе биде исполнет со задоволства.

Близнаци

Своите грижи ќе им ги препуштите на другите и ќе се свртите кон секојдневието. Така ќе си ја олесните душата и ќе станете реални. Оние чија работа не е кон­кретна, ќе имаат одлични достигнувања. Другите ќе го слушаат својот внатрешен глас и ќе им биде одлично. Направете нешто што ќе остави посебен впечаток.

Рак

Некој од минатото се обидува да се врати во вашиот живот, но вие тоа не го прифаќате затоа што сакате да ги средите односите во сегашната врска. Страстите ве тресат како никогаш досега. Не однесувајте се како дете, размислете пред да „гризете“ некого за срце. Згора на сето тоа, вашата исплата е пролонгирана.

Лав

Љубомората лесно може да се активира. Затоа, вни­мавајте. И на партнерот почна да му „пука“ филмот. Не му ја пренесувајте вашата нервоза нему и не забо­равајте и него да го прашате како се чувствува, дали има проблеми или некои грижи. Вие се занимавате само со вашите проблеми. Денес ќе имате прилив на добар износ на пари.

Девица

Ќе завршите навистина голема работа. И самите ќе бидете изненадени колку на крајот сето тоа поминало без тешкотии кои сте ги очекувале. Сепак, во другиот дел од денот ќе можете да се чувствувате како „изду­вен балон“ и најверојатно ќе бидете во поттикнувачко расположение кога партнерот ќе предложи средба или излегување.

Вага

На љубовно поле, слушајте ги вашите инстинкти. Тие речиси никогаш не ве лажат. Денес успешно ќе ги избегнувате сите конфликти, но на работното место мора да се погрижите за проблемот што го одолго­влекувате. Премногу ги сфаќате емотивно работите и вашата потреба за сигурност може да му претставува напор на партнерот.

Скорпија

Ќе испливаат некои работи од минатото од вашето семејство, што ќе мора денес да ги решите. Подготвени сте привремено да се повлечете, зашто насетувате дека така би ви одговарало. На некој начин сте во право. Понекогаш ви се чини дека пред вас се задачи што не сте ги очекувале, но тие ќе ве надополнат и збогатат.

Стрелец

Проблемите со финансиите и сметките се сигурни. За тоа не треба да се грижите. Обидете се да направите сè совршено на работа и да бидете подетални. Поради избрзаните реакции, можеби ќе имате мали проблеми со колегите. Поставете си цели и бидете разумни во врска со можностите што ги имате за да ги постигнете.

Јарец

Во емотивна смисла, подобро е да ја прифатите „утеш­ната варијанта“, што не е типично за вас. Докажете си на себе и на другите дека дадените ветувања можете да ги исполните во деловно-финансиска соработка, дури и под отежнувачки околности. Направете сè што е потребно да споите убаво со корисно во различни насоки.

Водолија

Брзо сфаќате како работи некој и затоа соработката е одлична. За вас е важно туѓото мислење за вашите пла­нови. Само кога ќе ја сфатите вистината, ќе разберете како треба да ги решите деловните и финансиските проблеми. Сега е време да се фокусирате на тешки работни задачи и комплицирани предизвици.

Риби

Нов настан или недоразбирање што ве загрижува нема да остави значителни последици врз односот со партнерот. Мора да направите компромиси кои ќе донесат хармонија. Време е да решите некои домашни прашања. Некој кој мисли како вас, има слични деловни интереси, нема да ви дозволи да ги постигнете своите цели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот